И ова година бродарите на Охридското Езеро се жалат на исти проблеми и предизвици каде и на каков начин да пристанат во пристаништето во Св.Наум.
Истото е преплитко и неможе едновремено да ги прими сите дојдени на оваа фрекфентна линија Малата длабочина носи ризици по виталните делови на бродот а со тоа и по безбедноста на патниците, велат тие.
Заеднички став на бродарите е пристаништето мора и да се надраги и прошири со оглед на тоа во Охридското Езеро наскоро ќе запловат уште три патнички бродови слични на постоечките кои се во функиција.
Министертвото за транспорт пред почетокот на главната туристичка сезона изврши градежни зафати за чистење на дното на пристаништата во Охрид и Св. Наум и продлабочување на истите, со цел олеснување на водниот сообраќај. Сепак се работи за инфраструктура изградена пред речиси еден век која зголемувањето на бројот на пловни објекти на Охридското Езеро не може да одговори на нивните потреби.
Од Капетанијата на пристаништата укажуваат дека со зголемување на бродската флота за уште најавените три брода, состојбата дополнително ќе се усложни. Додаваат дека подобрувањето на условите на пристаништата, што спаѓа под ингеренции на Министерството за транспорт, е неопходност, но одговорност имаат и бродарите.
Проблемот не може да се гледа еднострано, напротив, се работи за двонасочна улица, што значи дека и бродарите имаат обврска да се грижат за пристаништната инфраструктура за чие одржување во моменто не плаќаат никаков надомест, велат од Капетанијата на пристаништата – Охрид.
Според граѓаните, пак, потребна е построга регулација на пловидбата и план за воведување еколошки пловила на Охридско Езеро. Ова го потврдува и анкетата што неодамна ја спроведе Охридњуз.
На прашањето: „Дали треба построга регулација на пловидбата и план за воведување еколошки пловила на Охридско Езеро?“ од вкупно 1443 учесници, 1140 одговориле позитивно, односно 79% од анкетираните, 199 (14%) сметаат дека за тоа треба да се одлучи врз основа на научна и стручна анализа, додека 104 (7%) се изјасниле негативно.
Во регистерот во Капетанијата на пристаништата запишани се околку 3400 пловни објекти на ниво на цела држава. Од евидентираните, пловни објекти има и на Дојранско Езеро, Преспанско Езеро, како и на акумулациите, реките, но и во Грција. Голем дел од тие чамци се веќе вон употреба.
Бројот на пловила во Охридско Езеро би била некаде околу 300-400 и истата брјка варира, за време на викенди е зголемена, а во сезоната доаѓаат и туристи од соседните држави со свои чамци и земаат дозволи за привремена пловидба. И бројката на овие пловила варира од 20-30 во текот на годината, потенцираат од Капетанијата на пристаништата – Охрид.
Г.М.