Пристигна првиот чартер од ТУИ Холандија за 2022 година денес на охридскиот аеродром со 155 туристи. Најавено и организирано пристигнување на туристи од Велика Британија.

За разлика од 2021 година оваа година првите туристи пристигнуват два месеци порано, а очекувањата се дека ќе бидат реализирани нешто повеќе од 60 чартера ова лето вели директорот на АППТ, Љупчо Јаневски додавајќи дека очекуваат 100 до 150 % повеќе холандски туристи да ги посетат Охрид и Македонија.

Очекуваме во јуни да имаме три до четири чартера неделно, додека во јули и август од 4-5 чартера неделно. Очекуваме исто така и други тур оператори и други дестинации да го оперираат Охрид. Говориме и за турски и полски тур оператори со чартер летови или оваа година ќе имаме за неколку пати зголемено портфолио на дестинации, коишто туристи веќе ги имаме во Охрид. За мене сезоната е започната после велигденските празници и веќе и самите може да се уверите дека имаме кружни патувања, од Малезија, некои туристи дури и до Индија, потоа традиционалните пазари како што ни се полскиот, турискиот. Се надеваме дека ќе имаме дополнителни кружни патувања од Израел и регионот, секако Холандија ни е тука како стратешки партнер и уште повеќе се фокусираме во некои други дестинации кои ќе оперираат веќе од 2022 година, вели Јаневски.

Челик Асим менаџер на КТМ Војаж партнер на ТУИ Холандија се надева на успешна сезона годинава и покрај гостите од Холандија за кои вели доаѓаат многу порано од минатата година кога првиот чартер лет бил на 19 јули, најави за првпат организирана посета и на гости од Велика Британија.

Денес го имаме првиот авион од Амстердам којшто слета од ТУИ со 155 патници. Во месеците мај и јуни ќе имаме два лета неделно, авионите ќе доаѓаат во среда и во сабота, а во висока сезона јули, август и дел од септември ќе имаме по четири летови неделно, така што се надеваме на успешна сезона. Многу битно за оваа сезона е што по првпат во нашиот град и во државава ќе имаме гости до TUI UK кои се најавени да почнат со доаѓање од 16 јуни двапати неделно со авион на Визер, каде имаат закупено 80 седишта во нивниот авион. И тоа ќе биде за првпат во историјата на нашата држава да имаме организирано гости од Велика Британија. Од ТУИ Холандија летово очекуваме некаде околу 6,5-7 илјади гости отприлика 55-60 чартери, а од ТУИ Велика Британија имајќи предвид дека тие сеуште не летаат со авион на ТУИ туку имаат изнајмено седишта очекуваме околу 2000 гости. Вкупно околу 8-8,5 илјади туристи се надеваме дека ќе имаме само од ТУИ, додава Асим.

Вели, трендот на букирање во ТУИ Холандија е во пораст, секоја недела има пораст на букирани гости, за што помага и фактот дека сите мерки од корната се тргнати во Холандија и со новите закони не важат веќе Ковид мерките, што дава дополнителен мотив за холандските гости да букираат годишен одмор.

Очекувањата на АППТ за 2022 година е да се реализираат 2,6 милиони ноќевање и поголем девизен прилив во споредба со минатата година.

Н.С.Ј.