Организаторите на акцијата Декември – Месец на отворено срце, деновиве ја реализираа набавката на специјалното возило за лица со потребни потреби во општина Охрид.

Возилото мaрка „Мерцедес“ веќе е во Македонија и во моментов се обавуваат потребните административни процедури, по што истото ќе биде ставено на располагање на здружението за грижа на лица со посебни потреби „Зрак“ од Охрид, а ќе го користат сите здруженија за грижа на лицата со посебни потреби од општината.

Вовилото е опремено со специјална рампа и содржи потребен простор за превоз на опрема наменета за лица со посебни потреби.

Иницијатор на хуманитарната акција беше на претпријатието за собирање отпад „Отпад“ – Охрид во соработка со јавното комунално претпријатие, а се реализира со голема помош на лајанс клубовите Лихнидос и Десарети, Ротари клубот од Охрид, локалната самоуправа, училиштата во општината, голем број помагатели и хумани граѓани. Кампањата силно ја подржаа и охридските медиуми.

OhridNews