Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува утре на 20-ти март во 5 часот и 30 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути.

Пролетта ќе трае до 21-ви јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 28 и 29 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

OhridNews