СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавениот, на 29 декември, околу 05.40 часот во населбата Воска во Охрид со остар предмет нападнал 66-годишна жена од Охрид по што и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони. Нему му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

На 2 јануари, околу 04.00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во угостителски објект на улица „Железничка“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од 35-годишно лице од Велгошти врз 22-годишен жител на селото Драслајца, струшко. Напаѓачот е повикан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews