Судот во Скопје му одредил мерка притвор во времетраење од 30 дена и на Богдан Илиевски од Охрид, познат како Бетмен Велит и еден од водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“, а подоцна член на Извршиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Илиевски се товари за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од Кривичниот законик, за кое е предвидено казна затвор од најмалку 10 години.
До сега мерка притвор им е изречена на петмина од 36-те осомничени за случувањата во македонското Собрание на 27-ми април, меѓу кои се и поранешнот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски. Меѓу осомничените се и шестмина пратеници, охридските доктори Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. Судот за нив побара симнување на пратеничкиот имунитет, за што попладнево ќе расправа соодветната собраниска комисија, а одлуката треба да ја донесат пратениците.
OhridNews
фото: „Макфакс“












