
-При претрес, извршен во неговиот дом на осми овој месец, пронајдени се 16 куршуми наменети за испукување од автоматско оружје со калибар 7,62 милиметри и 1 куршум наменет за оружја со полуавтоматско и автоматско испукување со калибар 7,9 милиметри. Сега притворениот, куршумите ги чувал на различни места а полициските службеници ги пронашле во фиоки но и во саксии поставени на светларникот од скалите во семејниот дом. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
OhridNews











