Одделението за илегална миграција и превенција поднесе кривична пријава против 27- годишен албански државјанин за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Пред два дена, во раните утрински часови, во водите на Охридското езеро во близина на село Радожда, пријавениот бил затекнат како врши незаконит риболов со риболовни средства, при што му се одземени 1,3 килограми пастрмка.

Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

OhridNews