Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Обљуба врз немоќно лице “ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против едно лице од Кичево и албански државјанин, жител на градот Елбасан. Од страна на истражен судија им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што тие се спроведени во казнено-поправната установа  во Битола.

На трети овој месец околу 22 часот, пријавените извршиле полови дејствија врз 28 годишна прилепчанка со заостанат психички развој, во подрумска просторија од зграда  во Кичево.

По јавување на полициски службеник кој бил во непосредна близина на зградата и го слушнал плачот на девојката од подрумот, пријавените веднаш се приведени. Девојката е пренесена на преглед во општата болница во Кичево, а   на местото на настанот извршен е  криминалистичко технички увид.

Од страна на дефектолог од кичевскиот центар за социјални работи  потврден е заостанатиот психички развој на девојката.
 
Инаку, сега притворениот албански државјанин имал нерегулиран престој во Република Македонија. 

Ohridnews