На први Мај оваа година, околу 17 часот и 30 минути во ресторантскиот дел од туристичкиот комплекс „Св.Наум“ , едно од притворенит елица најнапред вербално, а потоа и физички го нападнал 29- годишниот охриѓанец удирајќи го со тупаници по целото тело. Во еден момент, лицето употребило остар предмет со кој на нападнатиот му нанел повеќе повреди, расекотини по лицето и крвни подливи на главата. Во физичкиот напад и насилството, веднаш се приклучиле и двајцата други сега притворени, кои оштетениот го удирале со раце и нозе откако тој бил соборен и паднат на земја.
За време на насилниот акт, другите две пријавенилица не им дозволувале на гостите во ресторантскиот комплекс да му помогнат на видно повредениот охриѓанец. Тие ги попречувале и ги отргнувале гостите во намерата да го спречат насилството и да му помогнат на повреденото лице.
Откако избегале од комплексот „Св.Наум“, пријавените продолжиле со насилничкото однесување и нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Св. Климент Охридски“ во центарот на Охрид, а во ресторант на кеј „Маршал Тито“ извршиле оштетување на дел од инвентарот.
Дел од пријавените се лица познати и осудувани сторители на повеќе казнени дела против кои и досега СВР Охрид поднесувала кривични и прекршочни пријави.