
Како што соопшти СВР Охрид, притворениот на28-ми минатиот месец околу 22 часот и 30 минути насилно влегол во стан на негова пријателка каде со раце и нозе ја искршил речиси целата покуќнина. Веднаш потоа физички ја нападнал нанесувајќи и повеќе удари и тупаници по целото тело по што од кујната одзел нож и со закани дека ќе ја убие заедно со нејзиното малолетно дете, и побарал 1000 денари. Набрзо во станот пристигнале полициските службеници кон кои напаѓачот упатил бројни навреди а потоа замавнувајќи со ножот, им се заканил дека ќе ги убие.
Пред да влезе во станот, сега притворениот оштетил неколку патнички моторни возила и велосипеди пред нејзината зграда. Претходно во билјард клуб во центарот на градот, без посебна причина со нога искршил врати и дел од останатиот инвентар упатуваќи навреди кон вработената и гостите во клубот.
Притворениот е сторител на повеќе кривични дела и е казнено осудуван по неколку кривични пријави поднесени од СВР Охрид.











