Двајца од нив се во бегство, а во притвор во Битола се еден од директните убијци и двајцата нивни помагачи кои им обезбедиле засолниште и им помогнале да избегаат на Косово.
Двајца од нив ја дале својата одбрана пред суд, додека еден се бранел со молчење.
За други четворица има барање за проширена истрага и тие ќе одговараат за поседување на оружје. Ним им е одреден 30-дневен притвор.
Шеесетгодишната жена од кумановско Отљаљ кај која беше најдено огормно количество оружје, пуштена е да се брани од слобода, обврзана е да се јавува во судот, а одземен и’ е пасошот.
За десет лица кои се осомничени, исто така, за кривично дело „тероризам“, одреден е краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за „тероризам“ против петте лица кои учествувале во масакрот којшто се случи на 12-ти април кај Смилковското езеро во близина на Скопје, кога беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 20 години и еден 45-годишен жител на село Црешево.
Против останатите беа поднесени кривични пријави за недозволено поседување на оружје, а за дел од нив постоеле основани сомненија дека учествувале во организирање, подготвување, извршување, помагање и прикривање на кривичното дело „тероризам“.
извор: Makfaks