Пријавениот, на 13-ти овој месец, во својот дом им овозможил злоупотреба и користење на опојна дрога Хероин на едно лице од Охрид и едно од Србија, со привремен престој во Охрид. Притворениот, неодамна набавил 20 опаковки со опојна дрога Хероин наменета за лична употреба, но и за натамошна продажба поради што извршил препакување во помали количини и ја сокрил во дворот од семејната куќа. Истиот ден, тој на другиот охриѓанец му продал една опаковка, а купопродажбата се случила во неговиот дом околу 17 часот каде тројцата претходно договориле средба и користеле Хероин на фолија.
Дополнително, помеѓу дрвата во куќниот двор, од страна на полициските службеници пронајдени се чорапи во кои била сокриена најлонска кеса со вкупно 18 помали најлонски опаковки од Хероин со кафеава боја. Хероинот, нагорените алуминиумски фолии како и другите пронајдени предмети, се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Пријавениот и двајцата негови се познати и регистрирани наркозависници од Охрид, против кои, СВР Охрид има поднесувано повеќе пријави за слични и други сторени казнени дела.