Охриѓанецот М.С.(65), поранешен директор на АД ,,Бетон,, од Охрид е во 30 дневен притвор, поради основано сомнение дека е сторител на кривичните дела: “Проневера во службата, Злоупотреба на службената положба и овластување и Предизвикување стечај со несовесно работење”.
Пријавениот, во својство на Директор на АД “Бетон” Охрид во период од 2005 до 2007 година, со пречекорување на службената должност, ја оштетил фирмата, за сума од 21.818.156 денари, затоа што пропуштил да ги наплати на лице од Охрид, на име комуналии, извршени градежни работи, земјиште за објект, проекти и користени материјали. Во истиот период, пријавениот, иако знаел дека АД “Бетон” е неспособен за плаќање, со неразумно трошење на имотот и оттуѓување на предмети и права по несразмерно ниски цени и преќутно обновување на договори со други лица и без да оствари побарувања, извршил повреда на службените должности и во текот на 2009 година предизвикал стечај на фирмата.
Исто така пријавениот, во периодот од 2005 до 2007 година, со намера да се здобие со противправна имотна корист, присвоил 1.009.000 денари доверени во службата. Тој во текот на мај 2006 година, врз основа на склучен договор за купопродажба на недвижен имот кај месноста “Елен Камен”сопственост на АД “Бетон” од лице од Струга, со записник и каса-прими,наплатил 4.284.000 денари кои не ги евидентирал во благајната на фирмата. Наместо тоа, пријавениот во периодот од 2006 до 2008 година, во 7 наврати со 7 каса прими документ, уплатил вкупно 3.275.000 денари, со што за себе го присвоил износот од 1.009.000 денари.
Советничката група на СДСМ и коалицијата гласаше против буџетот за 2026 година на Општина Охрид Посочуваат дека истиот е неразвоен, без сериозни и капитални инвестиции за зачувување на животната ср...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот ф...
Вечерва ќе се одржи 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знакот на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор Бендот на „Зимска б...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.