Поради постоење на основи на сомнение дека сториле вкупно 19 кривични дела тешка кражба СВР Охрид, поднесе кривична пријава против две лица од охридското селото Куратица, на кои од страна на истражен судија им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.
Пријавените, казнените дела ги извршиле во текот на декември 2012 и јануари годинава, со употреба на подесен алат и со физичка сила, на подрачјето на Охрид и Дебрца. При тоа, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 180.000 денари.
Сега притворените, со употреба на штрафцигери и друг подесен ги разбивале сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа со употреба на физичка сила насилно влегувале во куќите, становите и деловните објекти во Охрид, Подмоље, Требеништа, Мешеишта, Сошани, Лескоец и Рамне, одземајќи пари, сребрен накит, мобилни телефони, ЛЦД телевизори, лап топ компјутери, цигари, вино, ореви, прашак за перење, сувомеснати производи, моторни пили, електрични циркулари, хилти, бушилици и други алати, ловна пушка, облека и други предмети.
Една од кражбите, пријавените ја извршиле откако го забележале клучот од влезната врата, оставен под килимчето од семејната куќа.
По серијата кражби што двете лица ги извршиле, од страна на СВР Охрид реализирани се повеќе оперативни активности и претрес кај пријавените, кои резултирале со пронаоѓање на дел од алатот погоден за извршување кражби, како и дел од бесправно одземените предмети.
Инаку, пријавените се познати извршители на казнени дела и нарко- наркозависници, против кои и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави, за што едно од лицата било и затворски осудувано.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com