На 16-ти овој месец околу 23 часот, пријавените влегле во кафе бар во стариот дел од градот каде останале подолго време. Притоа, тие постојано барале да бидат служени со алкохолни пијалоци, велејќи му на келнерот дека на крајот ќе ја плателе сметката. При повторниот обид за наплата, двајцата сега притворени, започнале со агресивно однесување и навредување на келнерот. Истовремено, со закани од вработениот побарале да го повика сопственикот на објектот со образложение дека тој имал неплатен долг и дека сметките требало да бидат платени од негова страна.
Пријавените и притворени уште во текот на декември, минатата година, во неколку наврати извршиле исто кривично дело со што предизвикале страв и несигурност кај вработените и присутните граѓани во угостителскиот објект.