Истражниот судија по петти пат го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежароски за уште 30 дена.
Како што пренесеува „Телма“, продолжувањето на притворот на новинарот Томислав Кежаровски за уште 30 дена, е очекувано за неговите пријатели и семејството, сега на крајот од доказната постапка. Очекуваат по рочиштето закажано за следната недела и завршните зборови на обвинителството и одбраната, да следи брза и ослободителна пресуда за Кежаровски.
Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на Нова Македонија вели дека притворот по автоматизам престанува доколку пресудата не е над пет – годишна затворска казна, но очекува дека судијката која неодамна била и на обука во САД, ќе умее да се справи со политиучките притисоци и ќе пресуди праведно во случајов.
OhridNews