Во понатамошниот текст достапни се информации за тоа во кои ситуации, за кои цели и на кој начин долунаведениот контролор ги обработува личните податоци, имајќи ги предвид информациите што контролорите се обврзани да ги дадат согласно членовите 13 и 14 од Општата регулатива за заштита на податоци (ЕУ) – ГДПР (General Data Protection Regulation – „GDPR“).

1) Идентитет и податоци за контакт на контролорот

Друштво за интернет портали Нимо – Охридњуз дооел Охрид
ул. Гоце Делчев 20 Градско Пазариште Охрид
Охрид, Македонија

2) Податоци за контакт за контролорот во врска со заштитата на личните податоци

Горан Момироски – Управител
[email protected]
+389 75 453 293

3) Цел на обработка, извор на податоци и правна основа за обработка на податоците

Цел

  • Пополнување на формулар за контакт на веб-страницата
  • Учество во анкети
  • Зачленување или претплата за Билтен
  • Регистрација на веб-страницата
  • Користење услуги или информации за кои е потребна регистрација на податоци

Вид и извор на податоците

  • Име/презиме
  • Е—пошта
  • Телефонски број
  • IP адреса
  • Содржина на коментар или порака
  • Банкарски податоци
  • Информации или документи доставени до редакцијата за цели поврзани со дејноста (фотографии, дописи, соопштенија, известувања и други пишани документи)
  • Податоците може да се собираат директно од овладтено лице кое внесува податопци на веб страницата или индиректно преку формуларитеи формите на комуникација

Правна основа

  • Дадена согласност
  • Користење на форми и официјалните канали за комуникација на медиумот согласно правилата на користење, а во согласност со закон

4) Приматели на личните податоци

Не постојат приматели со кои се споделуваат личните податоци.

Евентуално споделување лични податоци со надлежна државна институција/орган ќе се одвива преку овластеното лице – контролор, исклучиво во согласност со законот, професионалните новинарски стандарди наведени во кодексот на Здружението на новинари и етичките норми утврдени од Советот за етика во медиумите чиј член е порталот ohridnews.com

5) Пренос на личните податоци во друга држава

ЕУ

6) Рок за чување лични податоци, т.е. критериуми за определување на рокот

Личните податоци што ги давате при оставање коментари се чуваат трајно, т.е. не се бришат како самите коментари.

Адресата на е-пошта што ја наведовте за да испратите нов допис се брише кога ќе се откажете.

Информациите што ги давате во контакт формата на страницата се чуваат најмногу една година од испраќањето на пораката.

7) Права на лицето на коешто се однесуваат личните податоци

Секое лице чиишто податоци што ги обработуваме има право да побара од контролорот:

  • да го информира вистинито и целосно за обработката на неговите податоци;
  • увид и/или примерок од неговите лични податоци што се обработуваат;
  • да се коригираат или надополнат податоците доколку се неточни или нецелосни, во секое време;
  • да се избришат податоците, што може да се исполни согласно законот, односно кога: личните податоци повеќе не се неопходни за да се постигне целта за која се собрани или на друг начин обработени; субјектот на личните податоците се спротивставил на обработката врз основа на легитимниот интерес на контролорот, а не постои друга правна основа за обработката; личните податоци биле незаконски обработени; личните податоци мора да се избришат за да се исполнат законските обврски на контролорот;
  • да се ограничи обработката, што може да се исполни доколку се исполнети пропишаните услови: ако субјектот на личните податоци ја оспорил точноста на личните податоци и на контролорот му треба време да ја потврди точноста; ако обработката е незаконска и лицето се противи на бришењето, но ја ограничува употребата на податоците; на контролорот повеќе не му се потребни личните податоци за да ја постигне целта на обработката, но лицето ги побарало за да поднесе, реализира или брани правно барање; или лицето веќе поднело приговор за обработка, а во тек е проценка дали правната основа за обработка на контролорот ги надминува интересите на лицето;
  • пренос на личните податоци во машински читлива форма, што постои во случаи кога е применливо, т.е. доколку тоа е технички возможно бидејќи податоците се машински читливи и кога правна основа за обработка е согласноста на лицето или договорниот однос со лицето на кое се однесуваат податоците;
  • да ја повлече својата согласност за обработка на одредени податоци во секое време, доколку согласноста е правна основа за обработката на личните податоци.

Лицето, односно субјектот на личните податоци има право на приговор и доколку смета дека не е оправдан легитимниот интерес на контролорот врз основа на кој се обработуваат податоците, односно дека ги загрозува неговите/нејзините права, слободи и интереси.

Во случај на автоматска обработка на лични податоци и одлучување, лицето има право на човечка интервенција, како и право да изрази мислење за одлуката или да ја оспори одлуката.

8) Право на поднесување приговор до Комесарот

Лицето има право да поднесе приговор против постапките на контролорот до надлежниот орган чии податоци за контакт се дадени подолу:

За С. Македонија
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 (зградата на Македонска радиотелевизија МРТВ – 14 кат)
Поштенски фах 417 1000 Скопје
Адреса на е-пошта: [email protected]

9) Постоење на автоматско одлучување, вклучително профилирање

Контролорот не врши автоматско одлучување или профилирање врз основа на лични податоци.

10) Политика за користење колачиња

„Колачињата“ се мали текстуални датотеки коишто веб-страницата може да ги испрати до вашиот пребарувач, а потоа може да се зачуваат на вашиот хард диск. Доколку сте загрижени за вашата приватност и употребата на „колачиња“, може да ја изберете опцијата вашиот пребарувач да ве известува за „колачињата“. Колачињата може да ви помогнат да бидете поефикасни и да имате корист од функциите за „помнење“, како на пример страницата да го запомни јазикот на кој сте ги читале содржините на веб-страницата за време на претходната посета. Колачињата ви овозможуваат да ги зачувате вашите преференции, да зачувувате производи и услуги и да ги приспособувате вашите страници.

Контролорот користи колачиња на неговата веб-страница со цел да обезбеди услуги и функционалност на своите корисници. Можете да ја ограничите или оневозможите употребата на колачиња преку вашиот интернет пребарувач, но без колачиња нема да може да ги користите сите функционалности на страницата.

Постојат различни видови колачиња, а според критериумот кој ги поставува колачиња на веб-страницата, разликуваме:

  • колачиња од прва страна – колачиња коишто ги поставува контролорот кога ја користите нашата веб-страница; и
  • колачиња од трета страна – колачиња коишто ги поставува друга организација кога ја користите нашата веб-страница (некои страници на нашата веб-страница може да содржат и содржини од други страници што може да поставуваат свои колачиња).

Што се однесува до намената, ги користиме следниве видови колачиња на веб-страницата:

  • строго неопходни колачиња – овие колачиња се неопходни за извршување на саканата функција на веб-страницата;
  • колачиња за функционалност – овие колачиња овозможуваат веб-страницата да ги запомни вашите претходни активности за да ви обезбеди подобра функционалност:
  • аналитички колачиња – овие колачиња ни овозможуваат да собираме информации за вашето користење на веб-страницата, со цел да ги подобриме нејзините перформанси и дизајн – за да ги оневозможите колачињата на Google Analytics, преземете го и инсталирајте го овој додаток; и
  • колачиња за маркетиншки цели – овие колачиња се користат за собирање различни информации за вашата посета на нашата веб-страница, како што се информации за содржината што сте ја прегледале, линковите што сте ги следеле, вашиот пребарувач, уред или IP адреса.