Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам, велат во соопштението од Општина Охрид.

Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и угостителство ќе спроведуваат зачестени контроли и ќе се постапува согласно прекршочните одредби од Законот за Угостителска дејнос, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews
					



							






