Во Полициската станица Охрид, вчера, во 21 часот, поради сторен  прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, било приведено 44-годишно лице од Република Албанија. Тој не поседувал документи за утврдување идентитет и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Во близина на граничниот премин „Свети Наум“, при преглед на терен на место викано „Колиби“, полициски службеници пронашле две вреќи во кои имало марихуана. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а марихуаната била предадена на вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews