Приведен албански државјанин кај кои биле пронајдени 14 кг охридска белвица без соодветна документација информираат од МВР.
На 22.08.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин „Св.Наум“, при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(66) од Албанија, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација, велат од МВР.
Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“ и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
OhridNews