Охридската полиција пронашла дрога кај 25 годишен жител на Ресен, соопшти денеска МВР.

Според информацијата, синоќа во 22 часот и 10 минути на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен.

Кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, стои во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews