Приведен маж од Велешта баран по потерница за издржување на казна затвор од 13 години.
На 29.09..2021 полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Струга лишиле од слобода 54 годишно лице од струшкото село Велешта, кој се барал по распишана потерница од Основниот суд во Струга, за издржување на казна затвор од 13 години. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна, информираат од МВР.
OhridNews












