Приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски, jaвува „Макфакс“ повикувајќи се на потврда на информацијата од МВР.
По фотографијата што ја објави МВР, полицијата добила повеќе повици од граѓани кои им помогнале да го идентификуваат напаѓачаот.
Информацијата ја потврди и Милевски, кој утре со јавен обвинител ќе треба да отиде во полициска станица на распознавање.
Првиот човек на ЛДП минатата недела беше физички нападнат на градскиот плоштад. Ден по нападот тој изјави дека големи се шансите инцидентот да е тесно поврзан со изгласаниот закон за употреба на јазиците.
OhridNews
извор: „Макфакс“