Вчера, околу 5 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир, во кој  28- годишно лице од Ниш, кое во моментов живее во Охрид, физички нападнал 21- годишен стружанец.

При превземање на мерки од страна на четворица униформирани полициски службеници, пријавеното лице почнало да ги омаловажува со погрдни зборови и да им упатува закани по нивниот живот. При приведувањето, од страна на полициските службеници биле употребени средства за присилба, а од страна на СВР-Охрид на приведеното лице му се поднесени соодветни пријави.

OhridNews