На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од с.Лескоец, охридско.

При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

OhridNews