На 05.07.2025 година во 03:20 часот, на пресекот на булеварот „Железничка“ со улицата „Егејска“ во Охрид, лишенo од слобода е 43 годишно лице од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле автомобил „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки што тој го управувал и при преземени мерки, кај него констатирале 1,61 промил алкохол во крвта. Поради загрозување на јавниот сообраќај, тој, веднаш е исклучен од сообраќај и против него, ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“, информираат од СВР Охрид.

OhridNews