На булевар „Туристичка“, вчеравечер, при извршен преглед врз 23-годишен охриѓанец, пронајдени и одзмени се три најлонски ќесички со опојна дрога кокаин, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба. Лицето е приведено и лишено од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

OhridNews