На булеварот „Туристичка“ во Охрид, вчера, при преглед на патнички автомобил „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, кај 20-годишен охриѓанец, пронајдена била марихуана.
Охриѓанецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












