Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Охрид.

  • Во периодот од 17 до 26.01.2020,  пријавениот, влегол во аптеки лоцирани на булеварот „Туристичка“ и „Сирма Војвода“ како и во една продавница на улица „Ристо Чадо“ и со закани кон вработените, од касата одземал пари. На тој начин, лицето се стекнало со противправна имотна корист, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На охриѓанецот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

OhridNews