На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј.
При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
Тој, посочуваат, е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.
OhridNews