На 25.10.2025 во 08:15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга полициски службеници од ОВР Струга приведоа 63-годишно лице од струшкото село Велешта.

Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Струга за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето, посочуваат, е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

OhridNews