На 27.10.2025 околу 00:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија до слобода 44-годишно лице од Струга.
Тој е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим и бил фатен при обид да избега. Притоа, тој физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица, информираат од СВР Охрид.
За настанот е запознат јавен обвинител од ОЈО Струга по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












