На 23-ти овој месец во 03 часот и 25 минути, пријавениот на улицата „Партизанска“ најнапред вербално, а потоа и физички нападнал униформиран полициски службеник кој извршувајќи службени обврски од областа на безбедноста, на охриѓанецот му укажал дека на улицата е недозволено паркирање на неговото такси патничко моторно возило, односно дека тука нема такси паркинг простор со што се загрозува безбедноста и нормалното одвивање на сообраќајот.
Револтиран поради тоа, сега притворениот, започнал вербална расправија и навреди кон полицискиот службеник по што му упатил пцовки и закани, а потоа и го удрил со нога во телото. Од страна на полицискиот службеник лицето било совладано и приведено во СВР Охрид.
Притворениот е лице добро познат на службата против кого за слични и други дела и досега биле поднесувани кривични пријави, за што бил и правосилно осудуван на затворска казна.