Приведена 20-годишна охриѓанка на музичка манифестација, имала ќеса со кокаин, информираат од СВР Охрид.

На 29.07.2022 околу 22 часот, во СВР Охрид приведена е 20 годишна охриѓанка. При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа ќеса со кокаин, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews