Имено, криминалната група составена од 19 македонски и 1 бугарски државјанин, се товари дека во периодот од септември 2010 година до септември 2011 година, организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Македонија во Бугарија.
Инаку, криминалната група се занимавала со организирање на криумчарење и транспорт на акцизна стока – цигари со и без акцизни маркички од Р.Албанија и Косово во Р.Македонија, а потоа од Р.Македонија кон Р.Бугарија. Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско- бугарската граница во нивна сопственост. Мал дел од криумчарените цигари членовите на криминалната група ги пуштале во промет и на територијата на Р.Македонија, додека поголемиот дел по нелегалното внесување, повторно ги транспортирале и ги криумчареле во Р.Бугарија, поради тоа што цигарите како акцизна стока, во Р.Бугарија имаат значително поголема вредност (споредено со малопродажните цени во РМ), што на организираната група и носела значително поголем нелегален профит.
Претходно, во рамки на акцијата, покрај овие 20 лица, кривично се пријавени, дополнителни шеснаесет члена на оваа криминална група.
Паралелно со реализирањето на оваа акција, МВР по претходни добиени оперативни сознанија пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење на цигари. Откриени се повеќе лица од Делчево кои подолг временски период се занимавале со криумчарење на акцизна стока – цигари на подрачјето на Делчево кон Р. Бугарија. По превземени оперативни мерки неколкумина од нив се приведени и од истите се одземени 700 штеки цигари, од кои 600 штеки ЈОРК и 100 штеки БЕНСТОН, со бандерола и едно моторно возило – трактор.