На 13.01.2024 во 01.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведено е 29 годишно лице од Охрид.

Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

На 13.01.2024 во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведено е 31 годишно лице од Охрид.

Кај него полициски службеници пронајдоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews