По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал – Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се двајца државјани  на  Р.Албанија.

При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 едно парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.С Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Приведените виле задржани во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во информацијата.

OhridNews