При преглед врз лицата Б.Т.(22) и Д.Ѓ.(21) двајцата од Охрид, полициските службеници,  вчера, пронашле помала количина  опојна дрога хероин завиткана во алуминиумска фолија како и  неколку други нагорени алуминиумски фолиии.


– Хероинот заедно со фолиите, беа пронајдени во метална кутија за цигари, која Д.Ѓ. се обидел да ја исфрли во моментот кога ги забележал униформираните полициски службеници.  Затекнатите, инаку, познати наркозависници и сторители на кривични дела „Тешки кражби„, беа приведени во СВР Охрид.-соопшти полицијата.


Пронајдениот хероин и останатите предмети, се одземени и испратени на вештачење во МВР по што ќе бидат поднесени соодветни  пријави. Против овие лица, во изминатиов период, СВР Охрид има поднесен повеке кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и тешки кражби, информираат од охридската полиција.

OhridNews
извор:СВР Охрид