На 31.10.2025 година во 15 часот, полициски службеници од СВР Охрид, во селото Требеништа, општина Дебрца, од слобода лишија две лица на возраст од 70 и 69 години, двајцата од селото Волино.
При претрес извршен по судска наредба, кај 70 годишното лице пронајдени се осумнаесет банкноти од по две илјади денари, додека кај 69 годишното пронајдени се осум банкноти од по две илјади денари, три банкноти од по сто и три банкноти од по дваесет американски долари како и други банкноти со помала денарска вредност. Дополнително, при претрес во моторно возило марка „Крајслер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 69 годишното лице пронајдени се две тетратки со списоци од лица поделени по населени места во општината Дебрца, изјави за Охридњуз портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Посочи дека по целосно расветлување и документирање на настанот поврзан со сомнение за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“, против нив, ќе биде поднесена кривична пријава.
OhridNews












