Денеска околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, лишија од слобода 49 и 47 годишни лица, двајцата од Скопје.

При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност. Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.

OhridNews