Синоќа околу 22 часот, кај граничниот камен број 42, во близина на караулата Радожда, полициските службеници привеле две лица од Радожда . Тие биле приведени во момент кога на брегот се приближувал чамец, во кој двајца албански државјани, превезувале 20 паковки со околу 10 килограми марихуана и две вреќи со 22 килограми риба белвица. Забележувајќи ги полициските службеници, албанските државјани скокнале од чамецот и со пливање побегнале, притоа фрлајќи ги во вода вреќите полни со риба белвица.
При извршен претрес кај едното лице од Радожда била пронајдена црна платнена торба со околу 16 килограми спакувана опојна дрога марихуана, додека кај другото лице биле пронајдени 11 килограми белвица и крап и голем број рибарски мрежи.
Двете приведени лица, и се добро познати на службата, кои во изминатиов период, на сличен начин криумчареле риба и недозволено тргувале со опојна дрога, за што им биле поднесувани соодветни кривични пријави.
Од страна на полициските службеници се преземааат дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.