Денес, од страна на граничната полиција, при контрола на угостителски објект во Струга биле затекнати три српски државјанки кои работеле како пејачки, но за кои било утврдено дека имаат нерегулиран престој во Македонија и вршат нелегална работа. Истите се приведени во струшката Полициска станица , каде се задржани за понатамошна постапка.
Неодамна во истиот објект во Струга, при контрола на граничната полиција беа пронајдени уште неколку странски државјанки со нерегулиран престој кои потоа беа протерани од Македонија.
OhridNews