Полицијата во Ниш приведе шест навивачи на ракометната репрезентација на Македонија кои синоќа се степале непосредно пред натпреварот Македонија – Чешка на Европското првенство во ракомет, јавува Бета.

Полицијата наведе дека синоќа нешто пред 20 часот пред спортскиот центар „Чаир“ бил нарушен јавниот ред и мир со расправија и тепачка на шест државјани на Македонија.

Во тепачката едно лице се здобило со полесни повреди, а против сите се поднесени прекршочни пријави според Законот за јавен ред и мир и сите се приведени во судот за прекршоци во Ниш.

Неколку илјади навивачи на Македонија синоќа во нишката сала „Чаир“ го следеа натпреварот на репрезентацијата на Македонија и Чешка за пласман во вториот круг на ЕП.
Во текот на првиот дел на Европското првенство во ракомет од 15 јануари до синоќа според полициските соопштенија немаше нарушување на редот и мирот во Ниш.

Ohridnews