Истите, вчера околу 13 часот нелегално ја преминале водената гранична линија на македонско-албанската државна граница и на околу 3 километри на македонска територија отпочнале незаконит риболов со ловни мрежи и метални канџи.
Забележувајќи го полицискиот глисер, тројцата рибари од нивниот пловен објект успеале да ги отпуштат и да се ослободат од рибарските мрежи. Притоа, во водите исфрлиле и поголема количина уловена риба. И покрај обидите, полициските службеници и рибочуварите од концесионерот „Охридска пастрмка 2012“ не успеале да ги обезбедат рибарските мрежи.
При извршениот преглед, во пловниот објект на рибарите од Поградец биле пронајдени 37 парчиња охридска белвица во различна димензија и тежина, две метални канџи и друга рибарска опрема. Овие предмети, заедно со пловниот објект се одземени.
Против тројцата албански државјани, ќе биде поднесена кривична пријава за незаконит риболов.