Утрово, во 2 часот и 30 минути, наспроти струшкото село Калишта во близина на брегот на Охридското езеро, од страна на полициски службеници затекнато е едно лице од ова село како вади рибарски мрежи од водите на Охридското езеро. При извршен претрес во кајчето одземени се  15 рибарски мрежи со улов на осум килограми риба охридска белвица.

Лицето е приведено во охридската полициска станица и по документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконски риболов“.

OhridNews