Вчера околу 21.20 часот на ул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 37 годишно лице  од охридското село Велгошти затоа што кај него била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

 

OhridNews