На улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, вчера, околу 16 часот, 49-годишен жител на струшкото село Лабуништа, кој управувал патничко возило „Ауди А6“, агресивно се однесувал и удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Лицето било приведено во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews