На 25.01.2026 во 01:45 часот во близина на авто камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 49-годишно лице од Република Албанија.
Од преземените мерки е констатирано дека тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската граница и незаконски престојувал на македонска територија, со што сторил прекршок по член 9 од Законот за граница. На лицето му е изречена мерка протерување и забрана за влез во државава во траење од шест месеци, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












