На 15.11.2025 во 03:45 часот во с.Подгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од с.Оровник, охридско.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувало лицето и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

OhridNews